Цеца од инфузија стигна на снимање на „Ѕвездите на Гранд“, па откри сѐ за болеста со која се бори подолго време

Добивај вести на Viber

Болеста на Цецa Ражнатовиќ трае со денови

Болеста на Цецa Ражнатовиќ беше причина фолк дивата да го пропушти претходното снимање на Ѕвездите на Гранд. Сепак, таа вчера се појави и откри со што се мачи во последно време.

-Имав некои проблеми во последните 10 дена, двапати вирус, стомак, па отсуствував од снимање, а сега за викенд бели дробови, кашлица, нон-стоп сум на инфузии. Инаку, имам добар имунитет, не знам што е ова, некоја страшна епидемија - рекла Цеца.

- Не одмарам, не можам да се излечам. Така само ми рече син ми „Те молам жено одмори се“ – низ насмевка рече Цеца откривајќи дека е повторно подготвена да се најде во улога на член на жирито.

Цеца неодамна ги коментираше промените во музичкото натпреварување и тоа што Драган Којиќ Кеба привремено ќе ја замени Ана Бекута.

- Нема да трае долго. Сега ќе видам како работи Кеба, не знам, не го познавам со години, тој е човек со искуство што се однесува до естрадата - рече таа и ја коментираше неговата изјава дека неговиот кандидат ќе победи: „Кој кандидат е тој? Саша Поповиќ... Нека внимава да не изгори“, на шега рече таа.