Цеца за малку ќе ја одбиела песната што ја направи ѕвезда: „Ова нема да го пеам, срам ми е“
Светлана Цеца Ражатовиќ ја сними својата прва песна на само 14 години, а веќе на првиот албум имаше песни кои станаа хитови и ја направија голема ѕвезда.
Првата песна што ја сними и која ја однесе до самиот врв на музичката сцена е „Цветак зановетак“, за која неодамна призна дека не сакала да ја пее.
Цеца рекла дека песната не и е доволно сериозна, па поради тоа за малку ќе се скарала со нејзиниот татко.
- Очекував дека ќе ми дадат таква песна што, исто како и постарите колеги, ќе отпеам нешто посериозно. Кога ми пееја „‘Sa momcima kada šetam, zbijam šalu, zanovetam’“ го згазнав тато под маса и му шепнав дека нема да го пеам тоа – изјави неодамна Цеца, а потоа таа откри како реагирал нејзиниот татко кога слушнал дека не сака да ја сними оваа песна:
- А тој ми рече: 'О, молчи, уште си дете'. Пак му велам: 'Не сакам да го пеам ова, срам ми е, како ќе одам на училиште', а тој ми рече: 'Што знаеш на 14 години, ќути'.
Пејачката во една прилика за локалните медиуми откри како пресекла и донела одлука да ја сними оваа песна.
- Секако, ја снимив таа песна и сега веќе сите знаат како се случи сето тоа. Но, добро, не сакав да го снимам „Цветак зановетак“, а за овие се двоумев, искрено – рече таа.