Цел интернет е во хистерија поради оваа фотка на Меси и неговата сопруга на СП: Папучар, или вистински маж?
Цел интернет е во апсолутна хистерија поради фотката на Меси и неговата сопруга на финалето на Мундијалот. Тврдат дека е најголем папучар поради овој потег, други велат дека е вистински маж
Деновиве на социјалните мрежи кружи симпатична фотографија од финалето на Светското првенство, а на неа се гледа моментот кога Меси среде еуфоријата поради триумфот посегнал по телефонот за да ја фотографира сопругата со пехарот во нејзини раце.
Фотографијата навистина одлично го отсликува денешното време и ја покажува нашата реалност, а тоа е дека зад повеќето фотографии на бројни жени на социјалните мрежи, обично стојат нивните сопрузи... Во случајот на Меси, тоа што тој штотуку стана светски шампион ништо не менува!
фото: твитер
Антонела сакала да го овековечи овој легендарен момент, па испозира на различни начини со пехарот, додека славниот напаѓач трпеливо ја сликаше и се обидуваше да го долови најдобриот можен кадар.
Што велите вие за овој потег на Меси?
Насловно фото: Profimedia
Прегратката на Меси и мајка му беше најемотивниот момент на СП: Таа е негова најголема поддршка, но еве каков однос има со АнтонелаТаа е единствената сестра на најдобриот фудбалер на светот: Марија Сол Меси е убава девојка на која неизмерно ѝ помага нејзиниот брат