Прегратката на Меси и мајка му беше најемотивниот момент на СП: Таа е негова најголема поддршка, но еве каков однос има со Антонела

Добивај вести на Viber

Мајката на Лионел Меси секогаш ги следи неговите фудбалски натпревари опкружена со икони и е најжесток навивач на фудбалерот, но кога станува збор за неговите љубовни избори, таа не била секогаш полна со поддршка.

Аргентина стана светски првак на Мундијалот во Катар, а еден од најемотивните моменти по финалето беше прегратката на Лионел Меси и неговата мајка Селија.

Со седум постигнати гола, четири асистенции и феноменален настап, Лионел Лео Меси уште еднаш на Светското првенство во 2022 година покажа дека несомнено им припаѓа на најдобрите играчи во историјата на фудбалот и ја одведе својата репрезентација до пехарот.

Имаше многу емоции по финалето со Франција, но ништо не се споредува со моментот кога Селија Марија Кучитини, мајката на Меси, истрча да го прегрне својот син за заедно да го прослават најважниот момент во неговата кариера.


Семејството на Меси помина низ многу од првите фудбалски чекори на Лео во Росарио, а мајката на славниот спортист отсекогаш била голема поддршка во неговата кариера. Сепак, на приватен план не било секогаш така...

Пред десет години, беше откриено дека Селија е премногу заштитнички настроена кога станува збор за љубовниот живот на Лео, откако неговата поранешна девојка Макарена Лемос сподели приказна од деновите на нивното запознавање.

Наводно, Меси и познатата манекенка биле во кратка врска во тинејџерските денови, а Селија не била задоволна од изборот на синот. Била толку против Макарена што во една прилика ја бркала со тава.

- Таа ме следеше и ме сликаше додека не се свртев и не ја прашав што прави. Потоа почна да ме навредува. Ме следеше носејќи телефон и тава - изјави девојката, која имала 14 години кога се гледала со фудбалерот, додека тој имал 18 години.

Наводно, мајката на Меси се загрижила дека нејзиниот син ја преминал границата во овој однос.


- Никогаш не кажав дека сум спиела со нејзиниот син. Јас имав 14, а тој 18 и не зборував ништо за нашата врска. Таа ме третираше како да сум никој. Изгледа таа мислеше дека сум кажала нешто за некое списание, но јас не го сторив тоа – изјави девојката која сега е позната манекенка.

Како што еднаш пишуваа медиумите, освен оваа кратка врска, Меси отсекогаш бил вљубен во Антонела Рокоцо со која денес е во брак, а се шпекулираше дека Селија не била ентузијастка ниту за својата снаа. Така, на свадбата на Лео со Антонела во 2017 година, Селија се појави облечена во бело. Згора на тоа, носеше фустан со сребрени детали што во дизајнот наликува на венчаница.


Првите гласини за лошиот однос меѓу најважните жени во животот на Меси се појавија во 2010 година, пред Светското првенство во Јужна Африка, кога еден новинар ја праша Селија дали нејзиниот сопруг и таа ќе одат во Африка да го поддржат својот син и спомна дека Антонела е веќе таму.

– Антонела, Антонела... Која е Антонела? – праша Селија.

Ова, како што пишуваат аргентинските медиуми, предизвикало таков конфликт што фудбалерот им рекол на родителите да останат дома и оттогаш има тензии во семејството, но Меси ги демантираше овие гласини и ги нарече „глупости“. И покрај тоа, мајката и сопругата на Меси беа видени во Катар како навиваат заедно во ложата, па не е исклучено со текот на времето да ја исправиле врската.



извор:GLOSSY