Таа е единствената сестра на најдобриот фудбалер на светот: Марија Сол Меси е убава девојка на која неизмерно ѝ помага нејзиниот брат

Добивај вести на Viber

Најдобриот светски фудбалер и човекот кој влезе во историјата е Аргентинецот Лионел Меси

Многумина го следеа последното првенство во Катар токму поради најголемата фудбалска ѕвезда и човекот кој заслужи да биде на врвот на светот. Лионел Меси за многумина е пример и омилен фудбалер, а сега успеа да влезе во историјата како човек кој освоил сè што може да се освои.

Семејството го придружуваше Лео на ова големо натпреварување, а за неговата сопруга веќе многу се пишуваше, но никој не обрна внимание на неговата сестра Марија Сол Меси.

View this post on Instagram

A post shared by (@fcbarcelona.family)


Марија Сол е најмалото дете во семејството на Меси, родена е во 1993-та година, а е исклучително поврзана со својот славен брат. Покрај неа, Меси има и двајца браќа, Родриго и Матијас.

Марија доби значајна улога во бизнисот на Меси, па работи како бренд менаџер во модната куќа на нејзиниот брат. Благодарение на тоа, таа имаше можност тесно да соработува со Џени Хилфигер, најмладата сестра на популарниот моден дизајнер Томи.

Како што и самата истакна, главната цел е да се остане верна на имиџот на Меси, а дизајнот мора да изгледа спонтан и да биде достапен за секого. Благодарение на оваа работа, Марија доби уште една шанса.

View this post on Instagram

A post shared by Maria Sol (@mariasolmessi)


Имено, таа ја основа својата колекција бикини, која ја претстави како „модна летна капсула“, со уникатен дизајн. Со ова прослави десет години од брендот, а Марија има помош и од братот и снаата. Лео и Антонела ги рекламираат нејзините костими за капење, па не се сомневаме дека и овој бизнис цвета.

Извор: glossy.espreso.co.rs