Цел живот била несреќно вљубена во колега и се тешела со храна: Познатата актерка имала проблем со тежината и многу страдала

Кирсти Ели беше американска актерка родена на 12 јануари 1951 година, а почина во декември минатата година на 72-годишна возраст.

Кирсти се прослави со улогата како Ребека во познатиот ситком - за улогата на менаџер во кафуле во популарната серија кој се емитуваше од 1987 до 1993 година. За таа серија доби Еми и Златен глобус, а иако подоцна глумеше во разни серии, никогаш не го повтори успехот од почетокот на нејзината кариера. Така таа се појави во филмот „Види кој зборува“ и во серијата „Плакарот на Вероника“, а ја паметиме и по улогата во „Ѕвездени патеки“.

И додека никој не може да го оспори нејзиниот голем актерски талент, она за што многумина ја критикуваат е фактот дека во текот на кариерата неколку пати правела долги паузи помеѓу снимањето - сето тоа поради проблеми со тежината.


Имено, оваа актерка цел живот се бореше со своето „поголемо“ тело и вишокот килограми, поради што настрада нејзината самодоверба. Бидејќи не беше „класична“ холивудска убавица, тешко добиваше улоги и на секои две години подлегнуваше на лудо рестриктивни планови за исхрана и вежбање - кои вродуваа со плод, но само на одредено време.

Кирсти е една од актерките која најотворено проговори за својот проблем со вишокот килограми и за тешката борба да го контролира вишокот килограми. Нејзиното патување од слаба до дебела и назад отсекогаш го привлекувало вниманието на јавноста, а актерката не се срамела јавно да каже колку страдала поради нејзините флуктуации на килограмите. Така во неколку наврати симнала неколку десетици килограми - за неколку години да ги врати назад.


Злите јазици ја клеветеле поради нејзиниот изглед, кој според многумина не е класичен Холивуд, а таа поради се‘ и физички и психички страдала. Паднала во депресија, се здебелила, а потоа одеднаш решила да се „среди“. На пример, на почетокот на 2000-тите, таа успеа да ослабе дури 34 килограми и да падне на 66 килограми - што воедно беше и најжешкото издание во нејзината кариера. Меѓутоа, по извесно време се вратила уште повеќе килограми, а вагата ја покажала нејзината тежина од 103 килограми.

Во 2011 година повторно ослабела, дури 45 килограми, благодарение на специјалната диета која строго ја следела со месеци. Покрај тоа, таа користела и рекламирала додатоци во исхраната за кои подоцна била тужена бидејќи се докажало дека немаат апсолутно никакво влијание врз слабеењето, а Кирсти изјавила дека со нивна помош се „преполовила“. Затоа морала да плати казна од над 100.000 долари за лажен маркетинг.


Потоа повторно се здебелила, а две години подоцна повторно ослабела околу 50 килограми. Така, актерката цел живот го поминала на клацкалка помеѓу слаба и голема и никогаш не била баш задоволна од својот изглед.

Таа јавно кажа дека не се сака себеси, и дека знае дека нејзината кариера отсекогаш била многу ограничена токму поради нејзината тежина. Таа едноставно не можеше да ја задржи совршената виткост која е толку барана во Холивуд, па и беа одземени многу улоги. На крајот, постојаното слабеење и дебелеење и наштетило на нејзиното здравје, па имала проблеми со функционирањето на внатрешните органи, особено со тироидната жлезда.


Животот на актерката дополнително ѝ го искомплицирало тоа што со години била несреќно вљубена - во нејзиниот колега Џон Траволта. Кирсти и Џон навистина имаат долга и посебна врска, а искрите меѓу нив им беа јасни на сите што некогаш ги виделе во заеднички сцени. Тие се запознаа во 1989 година на снимањето на филмот „Види кој зборува“, кој брзо стана класика и го зацврстија статусот на еден од најомилените романтични комични парови во уште две продолженија, „Види кој зборува 2“ од 1990 година. „Види кој зборува 3“ од 1997 година.


Иако тие двајца никогаш не завршија заедно во реалниот живот, Кирсти призна дека го сакала, иако во тоа време била мажена. Таа беше во брак со нејзиниот сопруг Паркер Стивенсон до 1997 година, додека Траволта се ожени со Кели Престон во 1991 година. Во 2018 година, таа призна дека сè уште го сака и дека би била со него доколку и двајцата биле сингл.

„За малку ќе избегав и ќе се омажев за него. Го сакав и се‘ уште го сакам“.

Меѓутоа, таа никогаш не била во вистинска врска со Џон, иако двапати се омажила, и двата пати се разведувала. Имаше две деца кои беа во многу блиски односи со неа.


Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot