Нa 71 година почина познатата американска актерка: Беше болна од рак

Ќе остане запаметена и по улогата во серијата која се емитуваше со години, а беше омилена меѓу гледачите, „Cheers“

Познатата американска актерка Кирсти Ели почина на 71-годишна возраст од рак.

Засекогаш ќе остане запаметена по нејзината убавина и улогата во познатата американска серија за Граѓанската војна „Север и југ“ каде што се бореше за правата на Афроамериканците и ја толкуваше улогата на богата бела жена заљубена во црн роб.

Сепак, таа е најпозната по улогите во филмскиот серијал со Џон Траволта „Види кој зборува“.

Беше во брак двапати, имаше спонтан абортус, по што посвои две деца, кои синоќа јавно се простија од неа, велејќи дека е неверојатна, вљубена и бестрашна мајка.

Таа ја освои наградата Еми за улогата на менаџер во кафуле во популарната серија. Родена е во Вичита, Канзас, а семејството не прецизираше од каков вид на рак починала.

Таа почина опкружена со своите најблиски, соопшти нејзиното семејство. Таа исто така беше вљубена баба, додаде нејзиното семејство.

Од неа на Инстаграм се прости и актерот Џон Траволта, филмски партнер, кој рече дека Кирсти е колешка која едноставно мора да ја сакаш, бидејќи таа била таква и со која имал прекрасен однос.

View this post on Instagram

A post shared by John Travolta (@johntravolta)


- Знам дека повторно ќе се видиме - напиша тој.


Фото: Youtube - screenshoot