Цела нација воздивнуваше по неа, а за нејзината убавина уште се зборува: 20 години по Руби, еве како изгледа актерката во 5-тата деценија
Актерката Барбара Мори стана забележана во јавноста по емитувањето на теленовелата „Руби“ во 2004 година. Оваа теленовела беше и остана една од најпопуларните емотивни серии, а убавината на познатата Руби е нешто за што се зборува и денес. Поминаа 20 години од почетокот на оваа серија, а многумина се прашуваат каде е и што прави убавата Руби.
Барбара Мори сега има 46 години и не се променила многу, но нејзиниот животен пат не бил воопшто лесен.
Таа е родена во 1978 година, а интересен податок е дека нејзиниот дедо по татко ѝ бил Јапонец. Нејзината мајка е од Либан, па може да се заклучи дека Барбара го „собрала“ најдоброто од двете нации.
Покрај улогата во култната серија „Руби“, Барбара постигна голем број успеси во филмови и серии, но оваа улога и го одбележа животот.
Оттогаш, таа е ангажирана само во уште една сериска продукција и имаше улоги во филмови како „Виенто ен Контра“, „Шпанска убавина“ и „Пор сиемпре“.
Преживеа рак и стана баба на 38 години
На Барбара и беше дијагностициран рак на дојка во 2007 година. За среќа, се се заврши добро и отворено проговори за проблемот кој ја снашол, стравот кој го чувствувала. Таа сними и документарна драма наречена „1 минута“, која беше објавена во 2010 година и доживеа голем успех во Америка и Индија, пишува „The famous people“.
Од 2016 до 2017 година таа беше во брак со актерот Кент Реј Сигман, но бракот не траеше долго, ниту нејзината врска со политичарот Серџо Мајер, со кој го има синот Серџо Мајер Мори, кој исто како и неговата мајка доби ќерка на многу млада возраст.Со оглед на тоа дека нејзиниот син станал татко на млада возраст, Барбара имала само 38 години кога станала баба.
Таа има своја линија на долна облека, а профитот го насочува кон помош на жените кои боледуваат од рак на дојка во Мексико. Таа, исто така, поседува синџир ресторани и има свој бренд на вотка во Мексико.
Има и своја линија на долна облека, а профитот го насочува кон помош на жените кои боледуваат од рак на дојка во Мексико. Таа, исто така, поседува синџир ресторани и има свој бренд на вотка во Мексико.
Природна убавина
Убавата актерка е застапник на природната убавина, а како што еднаш кажа, не сака ботокс и пластични операции.
Нејзиниот Инстаграм е полн со фотографии на кои позира без трошка шминка, што е прилично освежувачко.
фото: инстаграм