Цели 37 години имала болки во носот: На операцијата лекарите останале во неверување од предметот што го извадиле
Мери Мекарти страдала од болки во носот повеќе од 37 години. Постојано имала проблем, па не можела да живее без хартиени марамчиња, а по тестот за корона вирус состојбата ѝ се влошила.
Одлучила да оди на лекар за да се ослободи од проблемот, па морала да се оперира. При интервенцијата, лекарите ѝ пронашле играчка во носот, која ја вдишала како дете и ѝ била во носот цели 37 години.
На осум години вдишила играчка
Како осумгодишно детенце, Мери се плашела да им каже на мајка си и татко и што направила, па играчката ѝ останала во носот.
- Точно се сеќавам кога ја вдишав. Се плашев што ќе ми каже мајка ми. Имав проблеми со дишењето со години, но не знаев дека тоа е поради тоа- изјави Мери за британските медиуми.
Откако се разбудила од анестезијата, лекарите ѝ покажале дека се работи за мал пластичен круг кој не ја изгубил ни формата.
Извор: www.magazin.novosti.rs