Целиот регион си игра мајтап со нас: „Вакво нешто нема ниту на Али Експрес “ – Еве што пишуваат
Главен потсмев сме на сите социјални мрежи
„Голем број туристи од целиот свет почнаа да пристигнуваат во Скопје за да се сликаат со искривената и оскудна елка. Во хотелите се бара кревет повеќе“, стои во друг коментар, заедно со сатирична фотографија.
Додека европските градови се натпреваруваат кој има најубаво украсени улици и плоштади, новогодишната елка на плошдатот во Скопје стана предмет на потсмев и „хит“ на социјалните мрежи.
Имено, луѓето споделуваат многу фотографии од елката, која, не е ниту целосно украсена - врвот е без украси и сијалички, но изгледа и дека искривен. На долниот дел се гледаат каблите, но и металната контрукција под оскудниот зелен матерјал кој симулира гранки.
Медиумите пишуват дека никој не знае зошто елката не е целосно украсена, ниту која компанија ја поставила.
Засега никој од надлежните не се огласил.
Фото:screenshot