Актуелно // Жолта минута
Чанта и комбинезон од 4.000 и коса од 1.000 евра: Милица Павловиќ со нов имиџ
Српската пејачка Милица Павловиќ со нов имиџ гостуваше во емисијата на Огнен Амиџиќ.
Милица покрај што ја променила бојата на косата направила и надградба. Српските медиуми пишуваат дека ваквата промена пејачката ја чинело 1.000 евра.
Таа во емисијата се појави во црн комбинезон, а цената на тоа парче облека според медиумите чини 2.000 евра.
Пејачката на снимањето носеше и црна чанта од модниот бренд „Ив Сен Лоран“ од 2.150 евра.
Во таа прилика кажа и дека се одлучила да ја обои косата во кафено, како што ја запозна пошироката јавност на почетокот од нејзината кариера кога се натпреваруваше во шоуто „Звездите на Гранд“.
Пејачката во емисијата го покажа домот во Горњи Буниброд, а ги претстави и нејзиниот татко и маќеа.
Фото: ИнстаграмИзвор: mondo.rs