Актуелно // Insta вести
Честито име на нашата умна Михаела: Средната ќерка на пратеникот Антонио Милошоски слави именден
- 21 Ноември, 2023
Денес е голем празник. Го празнуваме Свети Архангел Михаил. Многумина го слават овој голем светец и го носат неговото име.
Михаела е и ќерката на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски.
По тој повод, Милошоски на социјалните мрежи сподели фотографија од неговата средна ќерка и ѝ упати порака.
„За многу години Св.арх. Михаил и честито име на нашата умна Михаела ! “ - стои во објавата на Милошоски.
Антонио и Симона се горди родители на пет дечиња. Покрај најмалиот Филип, ги имаат ќерките Дариа, Михаела, Илина , како и поголемиот син Давид кој Антонио го има од првиот брак .