Чевли, фустан, обетки – каде да погледнете? Летиција од Шпанија во волшебно и женствено издание
Шпанското кралско семејство го посети градот Сантијаго де
Компостела, а кралот Фелипе и неговите дами уште еднаш покажаа зошто Европа го
следи нивниот стил од ден на ден.
Кралот Фелипе Шести, кралицата Летиција и нивните ќерки принцезите Леонор и Софија вчера беа гости на Сантијаго де Компостела, каде ја посетија катедралата Св. Јаков, на денот кога се слави овој светител во нивната земја. Шпанското кралско семејство беше дел од церемонијата, на која за прв пат присуствуваа принцезите оваа година.
Како и обично, сопругата и ќерките на шпанскиот крал изгледаа заносно - и додека Леонор и Софија носеа слични фустани во розова и сина боја, нивната мајка избра нешто сосема друго!
Кралицата Летиција уште еднаш, како што обично прави во последно време, носеше модел потпишан од куќата на Каролина Херера, и фустан во бебешко розева боја, украсен со ефективни цвеќиња. Станува збор за свилен фустан кој се произведува во неколку различни варијанти, а шпанската кралица се одлучи за модел до колена, со долги ракави и без копчиња.
Летиција во овој фустан веќе се појави во октомври 2017 година, пред доделувањето на наградата „Принцеза на Астуриас“, а станува збор за парче од пролетната колекција на брендот „Каролина Херера“ за 2018 година.
Сопругата на кралот Фелипе реши да остане верна на оваа марка, па така таа носеше и чевли со потпетица со ефект на кожа од крокодил и мини-чанта со иста нијанса! Кралицата Летиција целокупниот изглед го заокружи со ефективни обетки.
Фото: Profimedia/Instagram/the_royals_of_today/shoppingstylees
Mожеби ќе ве интересира:
Летно пончо + шик панталони: Кралицата Летиција во елегантна бела комбинација која вреди да се ископира