Чипкасто, тренди, а толку практично: 3 комбинации на Драгана Миќаловиќ без кои летото не може да помине

Едноставните комбинации кои може да ги носи секоја жена се заштитен знак на оваа позната актерка

И ова лето Драгана Миќаловиќ не се двоуми да сподели со своите следбеници фотографии кои можат да послужат како одлична инспирација за многу жени.

Имено, таа ужива да носи удобни и практични комбинации, а токму тоа ни треба ова лето.

Доколку сакате стил без многу детали, фустани и комплети во кои ќе се чувствувате удобно, дури и како ништо да не носите, еве три предлози кои лесно можете да ги носите.

Драгана ужива на црногорското приморје и се труди со својот фотоапарат да сними што е можно повеќе убави кадри кои ќе ѝ останат спомен за претстојните години.



Таа сподели дел од фотографиите со своите следбеници на Инстаграм. На едната Драгана е во дводелен комплет, топ и прекрасен долг фустан со животински принт. Лесниот материјал е идеален за жешките летни денови, бидејќи дозволува воздухот да поминува, па нема да ви биде жешко во него.

На втората фотографија Драгана носи прекрасен мрежест фустан со реси, кој е апсолутен хит ова лето.


На третата фотка Драгана има само мал црн фустан, кој е идеален избор за вечерно и ноќно излегување.



Ако сакате релаксиран стил, треба да имате и мал црн фустан во вашата гардероба. Доколку е од лесен мек материјал, ќе биде хит за топлите летни вечери.



foto: Instagram Screenshot 

Не глумат ѕвезди и се однесуваат природно: Слобода и Војин ги воодушевија туристите во Црна Гора - еве како летуваат

Никогаш досега не објавила вака провокативна фотка: Слобода Миќаловиќ опуштена во костим за капење