Моден фокус // Трендови
Чиста десетка: Ума Турман никогаш не изгледала подобро
Ѕвездата на филмовите „Pulp fiction" и „Kill Bill", како и многу славни личности, не сакаше да го пропушти њујоршкото шоу за новата колекција на модната куќа Версаче.
Музата на големиот Квентин Тарантино на гламурозниот настан се појави во прекрасен модел на црвен фустан со обвиткана ткаенина во облик на јазол - детал кој ја нагласи нејзината манекенска фигура.
Фустаност со миди должина, кој очекувано е со потпис на италијанската модна куќа на чија ревија присуствуваше, 48-годишната Ума Турман го искомбинира со посветла нијанса на капут - наметка, додека целото издание го заокружи со црни сандали со тенки ременчиња и обетки со сребрен сјај.