„Чиста романса во воздухот како на ниту едно друго место“: Стефан од „Некст Тајм“ на саканата ѝ приреди романтика среде Венеција
Додека неговиот брат Мартин чека принова, Стефан од Некст Тајм кој неодамна неговата девојка Тинеа ја побара за сопруга замина на романтично патување во Венеција.
Кон крајот на минатиот месец Стефан ја објави убава вест дека неговата долгогодишна девојка кажала „Да засекогаш“.
Почетокот на летото парот замина на патување од каде објави неколку фотографии од Венеција, каде уживаат во ресторан додека дегустираат италијанска хррана и вино.
Заедно со фотографиите Стефан сподели и цитат за Венеција од Елизабет Беркли.
„Никогаш нема да заборавам да ја доживеам Венеција за прв пат. Чувството е како да сте транспортирани во друго време - уметноста, музиката, храната и чистата романса во воздухот не се како на ниту едно друго место“ - Елизабет Беркли.
Фото: Инстаграм
„Кажа засекогаш“: И Стефан Филиповски од Некст Тајм подготвен да заплови во брачните води