ЧИТАЊЕ НА КНИГИ: Психолoг објаснува зошто оваа навика е добра за менталното здравје
Читањето на книги носи многу бенефити за менталното здравје.
Според психолозите, добро е луѓето од сите возрасти да читаат книги. Во медиумите, сме среќавале инспиративни приказни за мали деца, но и за повозрасни граѓани кои често ги посетуваат библиотеките и постојано читаат. Страстните читатели можат да се пофалат со стотици прочитани книги од различни жанрови. Но, има и обратни ситуации, односно луѓе кои со години не прочитале книга. Читањето бара умствено ангажирање, концентрација, нè тера да ги обработуваме информациите на кои сме наишле во книгите.
„Читањето пред сè е когнитивен процес на спознавање и дешифрирање на графемите (пишаните букви) во разбирлив текст. Тоа е сложен процес кој опфаќа вклучување на повеќе функции како кај лицата со типичен развој, така и кај лицата со одредена попреченост. Со други зборови, покрај менталното перцепирање на текстот што се чита и негова интерпретација, за остварување на овој процес потребно е да се вклучат сензорните органи преку кои се примаат дразбите. Повеќе на Фактор.мк