Чоколадна торта со животни, балони и конфети: Виолинистот Илија Филиповски му прослави втор роденден на синот Марко

Добивај вести на Viber

Виолинистот од групата „Маестро“, Илија Филиповски и неговата сопруга Анастасија го прославија вториот роденден на неговиот син, Марко.

Забавата за Марко била во скопски локал, украсено со роденденски мотиви, конфети и чоколадна торта со омилените животни на Марко.

Инаку хармоникашот од групата „Маестро“, Воки Петрушев му е кум на малиот Марко.

Илија и Анастасија во брак се веќе три години и имаат два сина.

Инаку Илија свири виолина во групата „Маестро“, но и е долги години член на ансмблот „Танец“ и беше дел од оркестрот на емисијата „Зајди, зајди“.

Фото: Инстаграм