Citroën освои награда за најдобар штанд на саемот за автомобили во Женева
Штандот на Citroën ја освои Наградата за креативност, за најдобар штанд на „Саемот за автомобили во Женева 2019“. Штандот на француската марка беше во знакот на прославата на 100 години постоење, 100 години храброст и иновативност посветени на слободата на движење .
Секоја година уште од 2004, жирито составено од клубот на професионалци од полето на маркетинг и комуникации од Женеванаградуваат една автомобилска марка која го прикажала својот изложбен простор во најдобро светло, одговарајќи притоа максимално на сите критериуми.
Годинава, Citroën ја освои 16-тата Награда за креативност со “La Maison Citroën” (Куќата на Citroën) на „Интернационалниот саем за автомобили во Женева 2019“. Жирито особено го ценеше начинот на кој беа потенцирани историјата и иднината на марката, воедно задржувајќи ја пристапноста до до клиентите и квалитетот на услуга.
На штандот „La Maison Citroën“, Citroën ги претстави:
- Своето наследство преку три легендарни модели во боите на стогодишнината: Type A, Traction и 2 CV.
- Својата динамика: преку новата колекционерска серија "Origins"и предводникот C5 Aircross SUV, светската премиера на SpaceTourer The Citroënist Concept, како и моделот C3 WRC кој ја донесе 100-тата победа на релито во Монте Карло.
- Својата визија за иднината: преку светската премиера на Ami One Concept: целосно електричен двосед.
„La Maison Citroën“ е спектакуларен штанд, над 1000m2 за откривање, кој ги комбинира дизајнот и комфорот, кој е динамичен, пријатен и воедно дигитален. Простор кој блика со уникатна архитектура и нуди повеќе пати на ден перформанси од примерот на “Place to C” и се претвора во игралиште за Ami One Concept, кој се движи на лице место. Штанд кој го внесува посетителот во светот на Citroën од денешнината со “La Maison Citroën” и го носи кон иднината со “Le Comptoir Ami One”, простор кој нуди уникатно искуство на посетителите со дигитална симулација, како и вистинско, лесно употребливо и интуитивно автоматско превозно средство.