Црн фустан, црвен кармин и стомак до заби: Како изгледала Цеца додека била бремена со Анастасија? (ФОТО)

Добивај вести на Viber

На социјалните мрежи се појавија фотографии од 1998 година...

Младата пејачка и ќерка на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, со својот избраник Немања Гудељ очекува ќерка. Оваа вест одекна како бомба во медиумите, а нивните семејства не ја кријат радоста заради приновата.

Сево ова, ги поттикна обожавателите на Цеца да пронајдат фотографии од времето кога пејачката била бремена со Анастасија. Така, на социјалните мрежи веднаш почнаа да се споделуваат фотографии од тоа како изгледала во периодот кога во својата утроба ја носела својата ќерка, која за неколку месеци и самата ќе се оствари во улогата на мајка.

Имено, пејачката во 1998 година, во февруари гостувала кај познатиот Милован Илиќ - Минимакс, а тогаш била бремена со Анастасија.

Цеца на ова гостување се појавила во црн гламурозен фустан, со длабоко деколте и ги засенила сите со својот изглед.

На усните имала црвен кармин, додека косата ѝ била нешто пократка и кадрава.

Веќе кон крајот на мај, поточно на 25 мај, Цеца родила ќерка, а сега во октомври ќе ја добие и првата внука од својата ќерка.

Инаку, Анастасија денес ја сподели првата фотографија на која ѝ се гледа трудничкиот стомак. На фотографијата позира заедно со идниот татко, фудбалерот Немања Гудељ.

фото: Принтскрин / Инстаграм