Нема поголемо признание и среќа за човек кога неговиот труд се фали и наградува.
Токму, оваа вест која ја споделуваме е една таква пофалиница за една лекарка.
Градот Крушево ѝ се заблагодари на проф. д-р. Аспазија Софијанова и ѝ додели пофалница за посебниот придонес во афирмација на општина Крушево во областа на здравството.
„Од моите награди оваа ми е најдрагата: за 8 ми септември денот на Независноста на Македонија и Ослободување на градот Крушево да добијам рекогниција за особен придонес со оглед на моето потекло од најубавиот град на светот Крушево, каде најубавите зими и лета ќе се дел од мојата животна сторија сега, секогаш и во вечни времиња-напиша Софијанова на социјалните мрежи.