Актуелно // Insta вести
Д-р Софијанова ги намалила градите на 20 години: Го направив тоа поради себе
- 20 Февруари, 2024
Д-р Аспазија Софијанова, врвен доктор педијатар од Детската Клиника при Клиничкиот Центар Мајка Тереза и редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје откри дека на свои 20 години направила операција за намалување на нејзините преголеми гради
Имено во емисијата „Нешто конкретно“ доктор Софијанова изјави дека корекциите не се секогаш за да се зголеми и потенцира нешто туку и да се намали.
- Јас сум една од тие која што ги намалив градите на 20 години, па моите гради беа поголеми... Зошто го направив тоа? Заради себе - изјави докторката.