Да ми беше тука...

Добивај вести на Viber

Да ми беше тука, ќе ти склопев очи на усни. Да ми беше тука, ќе ти заспиев на рамена. Да ми беше тука, ќе те разбудев со кафе и со мене. Да ми беше тука...

Да ми беше тука, ќе ти ги јадев усните.
Да ми беше тука, ќе ти крадев погледи.
Да ми беше тука, ќе ти ги колнев миговите твои отсуство.
Да ми беше тука, ќе ти ја пиев отровта од рацете.
Да ми беше тука, ќе ти се лизгав низ прстите.
Да ми беше тука, ќе те учев на танго.
Да ми беше тука, ќе речев „Да“ на твојата цигара.
Да ми беше тука, ќе ти склопев очи на усни.
Да ми беше тука, ќе ти заспиев на рамена.
Да ми беше тука, ќе те разбудев со кафе и со мене.
Да ми беше тука...
Ама не си ми.
Епа, кога веќе не си ми,
само ќе наздравам за миговите со тебе и без тебе.
Ќе те благословам и ќе те проколнам.
И за солзите, и за радостите.
Оти најмногу од се`, сакав да те мразам,
а на крајот, мразев што те сакав.
И уште ја мразам љубовта.
Во мое име.
Во твоја чест.


За Женски Магазин, поетот Јован Илиески 

Инстаграм: @ilieski_quotes