„Да ми го направеше ова сопругот на нашата свадба, немаше да има жена“: Потег на младоженец предизвика револт кај гостите

Добивај вести на Viber

Видеото на младоженец кој бара помош на самиот чин на венчавањето стана вирално. Тој дошол до необична идеја како да го одбележи овој ден и да го направи посебен.

Имено, за време на самата церемонија, младоженецот позади својот грб држел мобилен телефон на кој била прикажана хумористична порака, а овој потег предизвика различни реакции кај следбениците.

"Помогни ми!!!" напишал младоженецот во порака која ги насмеала гостите, но подоцна се предомислил и го ставил мобилниот во џеб.

Свадбеното видео собра дури 34,5 милиони прегледи и 1,6 милиони лајкови, а иако неговиот потег насмеа многумина, не сите беа воодушевени од пораката.

-„Објаснете ми што е смешно да се понижува невеста на ваков начин“, напишал еден корисник на Тик-Ток, додека друг се надоврзал: „Да го направеше мојот сопруг ова на нашата свадба, немаше да има жена“, „Зошто се толку популарни тие шеги за мажот кој сака да побегне од сопругата? прашала една корисничка во коментар, а некои и рекле дека оваа шега не треба се да сфаќа толку сериозно.

„РИП“, „Бегај“ и „Можеби невестата беше таа што требаше да ја испрати пораката“, се само дел од бројните коментари, од оние кои не ја разбраа оваа шека како нешто позитивно.

@mrjexer

Wedding day blues!!!

♬ original sound - Mike Resendez999

Фото:freepik