„Да се помолиме за неговиот живот“: Внукот на Ферус, Ферчо со апел до јавноста

Добивај вести на Viber

Седумдесет и три годишниот Ферус Мустафов, еден од нашите најдобри кларинетисти и саксофонисти, во моментов се бори за својот живот. Да се помолиме за него – апелира неговиот внук Ферчо Мустафов.

За сега детални информации за состојбата на Ферус нема, но она што е најбитно е тој што побрзо да закрепне.

Инаку Ферус е роден во Штип и свири од 17 годишна возраст додека студирал виолина и кларинер на музичката академија. Настапувал во голем број земји низ светот има снимено неколку албуми со инстурментални композиции.