Да, таква сум каква сум, и тоа е сосема ОК!

Добивај вести на Viber

Големо олеснување е кога се прифатиш себеси таков каков што си, кога си благ кон себе, кога не треба ништо да криеш! И дека знаеш дека можеш да бидеш среќен и успешен токму сега, точно онаков каков што си! Баш ме интересира, дали имате вие често чувство дека треба нешто кај себе да промените? Дека сте добри, но кога барем би можеле да бидете уште подобри и да поправите некоја своја упорна особина? 

Верувам дека повеќето од нас го носат тоа чувство во свеста или потсвеста. Дека би требало да бидеме помалку емотивни, повеќе емотивни, креативни, приземјени …Можеби би требало повеќе да се грижиме за другите или можеби помалку да се грижиме за другите…Што е вашето продолжение на реченицата: „Да сум барем малку повеќе …“.

 Подобра личност

 Совршена личност која е во целосен баланс, навистина би требала да биде во рамнотежа во сите аспекти на својот живот. Но, таквите се исклучително ретки – секој од нас има свои „блокади“ и предизвици и свесни сме во што сме добри, а што не „кочи“. Убаво е и интересно да работиме на менување на себе во подобра личност, и тој процес може да биде возбудлив зачин низ целиот наш живот, но она што всушност е контрапродуктивно е ако одиме по светот, носејќи го уверувањето имам грешка и треба да ја поправам. Тогаш искажуваме несигурност, тогаш се плашиме дека другите ќе откријат дека сме „несовршени“, тогаш сме груби и нетолерантни кон себе. Освестете се дали си го правите тоа на себе! Важно е! 

Ме следи отсекогаш 

Неодамна на Скајп средба со моите меѓународни пријателки разговаравме за „неприземјеноста“ и некои од нив раскажаа како тоа им е голем проблем, кој често се трудат да го поправат. Јас на тоа им го изнесов своето видување на тој проблем. Имено, „неприземјеноста“ ме следи откако знам за себе. И често ми го комплицира животот. Сиротата мајка во училишните денови ја излудував со својот „престој во облаците“ и заборавените работи во школо, еднаш ќе ги оставев папучите, друг пат ќе ја изгубев капата... А еднаш дури ја оставив училишната ташна, некаде на пат од училиште кон дома. Дури многу, многу подоцна дознав дека тоа се вика „неприземјеност“, односно присутност во сопствени мисли, наместо во реалноста која е околу тебе. Но, мене секогаш ми беше прекрасно во тие мисли. Секогаш нешто смислувам и би комбинирала, па би била креативна на многу полиња. Мојот сопствен свет ми беше многу поинтересен од торбата, капата и папучите. Така е и денес па си помагам на сите начини, да речеме со голем натпис „Земи го мобилниот“ на излезните врати од домот. Но, она што е важно во оваа приказна е дека престанав да се нервирам од тие свои особини. Прифатив дека сум таква и дека тоа е во ред. Многу животни аспекти всушност бараат моја приземјеност и присутност, посебно водењето на сопствена фирма, работилница и советување. Но, оној дел од мал заборавеност уште е и понатаму присутен во мене, како вдомено домашно милениче. 

Се е во ред И како такво го прифатив. И не мислам дека поради тоа сум „Погрешна“. Мислам дека се е во ред. Нема никаква смисла околу тоа да се вознемирувам, бидејќи постои голема можност и онака тоа никогаш да не се промени. Мојот татко има преку 80 години и цел живот е „неприземјен“ на тој истиот таков начин (еднаш да речеме си дојде по брат ми од училиште, наместо да го однесе ), а сеедно беше успешен и деловен човек. А и мојата најдрага учителка Сониа Чокет има слични предизвици и воопшто не ги крие.Големо олеснување е кога се прифатиш себе каков што си, кога си благ кон себе, кога не треба ништо да криеш. И да знаеш дека можеш да бидеш среќен и успешен токму сега, точно онаков каков што си! (а не еден ден кога се промениш).

 И затоа речете си:


  • Секоја особина е за нешто лоша, а за нешто добра, па така е и со она што го доживуваме како свои маани. Сигурно имаат добра страна.
  • Времето и енергијата кои ги трошам на „исправање“ на себе, со задоволство ќе ги потрошам на нешто позабавно и повесело.
  • Каква и да сум, доволно сум добра за да бидам среќна и успешна. Само треба да си го дозволам тоа.
  • Ќе се менувам себе, само на начини кои ми се интересни и возбудливи.