Дајнерс клуб Македонија: Од 1 јануари, сметки само еднаш месечно

Добивај вести на Viber

Од 1 јануари 2021 година, Динерс Клуб Македонија воведува новина во начинот на фактурирање на сметките, соопшти компанијата.

Динерс Клуб Македонија започнува со издавање на сметка еднаш месечно, односно само на 1-ви во месецот, наместо досегашната пракса на фактурирање секој 1-ви и 15-ти во месецот. Aко датумот корепсондира со ден од викенд или неработен ден, фактурирањето ќе се префрли на првиот работен ден од месецот.

„Услугата едномесечно генерирање на сметка е апликативна по автоматизам за сите Динерс Клуб членови и не е потребно пријавување или каков било друг ангажман од Ваша страна. Условите за плаќање на сметката не се менуваат, рокот за плаќање на сметката останува 8 дена од датумот на нејзиното издавање, а сметката како и досега можете да ја платите во банка или преку е-банкарство. Согласно настанатата промена, од 1 јануари се донесува и нов Тарифник за надоместоци на услугите што ги врши Динерс Клуб, и истиот ќе биде објавен на веб страницата на Динерс Клуб www.diners.com.mk. стои во соопштението.

Додаваат дека заради празниците, првата сметка ќе ја добиете на 4 јануари, 2021 година, а следната на 1 февруари, 2021 година. 

„Дозволете на крајот, од името на менаџментот на компанијата, да упатиме посебна благодарност за Вашата лојалност и со најискрени желби за добро здравје, среќа и успех да Ви ја честитаме новата, 2021 година. И во новата година, ние во Динерс Клуб Македонија продолжуваме посветено да работиме на ширење на продажната мрежа, подобрување на корисничката грижа, унапредување и модернизација на производите и услугите за нашите членови. За повеќе информации за компанијата, производите и услугите, следете на www.diners.com.mk и на нашите социјални мрежи FB, Instagram и LinkedIn, соопшти компанијата.