Дали би ги носеле: Новиот модел панталони од колекцијата на Викторија Бекам создаде хаос од различни мислења (ФОТО)
Дизајнерката Викторија Бекам, позната по умерениот вкус и стил диктира трендови што се следат низ целиот свет.
Позната по своите совршено скроени одела, модели на панталони кои секоја жена би ги носела и интересни фустани, таа сега покажа нов модел на панталони за својата колекција пролет/лето, но овојпат наиде на многу поделени мислења.
Она што е невообичаено кај овие панталони се ногавиците. Поточно, истите се отворени од задната страна, ги откриваат петиците, а се подолги напред, и ги прикриваат чевлите.
Всушност модел кој е инспириран и сосема спротивен на неодамнешниот тренд кога се носеа панталони со шлиц напред, кои повторно Бекам ги прослави, сега кај новиот модел, шлицот е на задната страна.
Панталоните се со висок струк и имаат популарен прав крој, што ќе биде и најпопуларниот изглед за пролет/лето '21.
Но, дали овој нов модел им се допаѓа на дамите?
Во коментарите и општо на социјалните мрежи настана вистински хаос од различни мислења за тоа дали панталоните се убави или не, дали би ги носел некој или не, и колку всушност се практични, односно жените се прашуваат како се оди во овие панталони?!
Што мислите вие? Би ги носеле ли?
извор: zenskikutak.rs
Неодамна таква слична реакција предизвика со модел на фармерки:
Би ги носеле или ќе се згрозите од нив: Фармерките на Викторија Бекам го поделија модниот свет