Дали ќе го препознаете? По две години се врати на Инстаграм: Македонскиот пејач со нова објава - „Добро утро, свету“

Добивај вести на Viber

Македонскиот пејач Елвир Мекиќ кој подолги години не живее во Македонија, долго време го немаше и на социјалните медиуми, па сега одлучи повторно да им се врати.

„Добро утро, свету“, напиша на фотографијата.

Елвир во негов стил со елече и маичка, видно разубавен ужива во убавото време.

Според објавите на Инстаграм, Елвир последната објава ја имал во 2022 година, со оваа фотографија најави дека се враќа повторно во виртуелниот свет.

Елвир во моментов живее во Сараево заедно со неговата сопруга Лејла и синот Дарис.

Атрактивната сопруга на Мекиќ е сопственичка на салон за убавина во Сараево.

Фото: Инстаграм
РЖМ