„ДАЛИ ОВА Е КРАЈОТ НА ЛУЦИФЕР“ - нестабилно време не очекува и следните денови, најпосле ќе се дише

Добивај вести на Viber

Дождот и невремето кое од вчера го зафати Балканот и Македонија донесоа освежување за кое многумина се благодарни. 

Синоптичарите најавуваат дека променливо време ќе имаме до средината на оваа недела, но какви ќе бидат температурите по заминувањето на овој влажен бран е уште поважно за граѓаните кои постојано коментираат дека ова е најтоплото лето досега. 

- До среда времето во земјава ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На повеќе места, според УХМР, процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура - укажуваат соноптичарите.

Додаваат дека и во Скопје до среда ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

- Времето денеска, претпладне ќе биде умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60км/ч.) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 6 - наведуваат од УХМР.

Повеќе прочитајте на Фактор.