Дали по перењето на алиштата веднаш ја затворате вратата на машината или не? Еве што е правилно

Добивај вести на Viber

Некои домаќинки перењето во машина за перење го доживуваат како нешто што го прават рутински и така го третираат.

Сепак, многу е важно да се грижите за вашата машина за перење. Всушност, соодветната грижа несомнено го продолжува животниот век на пералната.


Една од важните работи е дали ја затворате вратата на машината по употреба. Имено, никогаш не ја затворајте веднаш по перењето за да може да се исуши. Само кога ќе се исуши и последната капка влага, тогаш затворете ја машината бидејќи постои реална можност со текот на времето да се формира мувла, која не можеме да ја видиме, но секако ќе ја почувствуваме на алиштата.

Исто така, треба да обрнете внимание на остатоците од детергентот и не заборавајте дека делот каде што го истурате прашокот може да се отстрани и измие.

Еднаш годишно пожелно е да се мие целата машина со топла вода и оцет.


Поради ова се расипуваат машините за перење алишта: Мајсторот откри каде сите грешиме и што треба да правиме (ВИДЕО)