Дама не се создава, таа се раѓа: И на 79, легендарната Виолета Томовска зрачи каде ѝ да се појави
79 за неа и нејзиниот моќен вокал се само бројка, а не години.
Виолета Томовска, родена во 1945 година во Битола, e наша легендарна пејачка на забавна и народна музика, македонски доајен .
Иако поретко ја гледаме во последно време на јавни појавувања, обожувателите на оваа безвременска пејачка имаа можност да ја видат како гостинка на Александар и Дац.
„Многу сум среќна што сум денес со вас, и се радувам на вашата работа, што уживате во она што ве исполнува, давате радост на секој што ќе го пушти радиото на вашата станица. Најмногу се радувам што не застанувате и да продолжите, затоа што тоа ќе ви дава уште повеќе сила. Ги исполнувате срцата на сите, позитивно“ - им кажа Виолета на Дац и Александар- кои пак ѝ возвратија дека сакаат да направат нешто, и ќе го направат.
Виолета е познат поддржувач на работата на Александар и Дац, кои неколку години интензивно да соработуваат и од чија музичка работилница излегоа голем број хитови, кои бргу се одомаќинија во јавноста.
„Ми носите топлина на душата со вашите песни, ве следам, вие сте нешто што толку многу му недостасуваше на овој народ, толку романтични, поетични, спонтани, со песни направени за срце и душа... Одамна не сум слушнала нешто толку убаво и различно. Звучите како евергрин“, им порача Виолета на Дац и Александар во една прилика.
„Од нашата легенда секогаш има што да научиме и таа ни дава целосна поддршка во тоа што го правиме на сцената. Нејзината, а и наша желба е да снимиме нешто заедно“, велат пак Дац и Александар.Токму таа желба можеби и наскоро ќе се оствари, а за тоа ќе дознаеме со време.
ФОТО: Принтскрин