Дамски и елегантно: Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ за воодушевување - крадеа погледи на сите страни

Добивај вести на Viber

Популарната пејачка е верна на својот моден израз, па за премиерата на филмот „Јорговани“ избра ефективна и елегантна модна комбинација.

Во Белград вчера во рамките на 52. ФЕСТ се одржа премиерата на филмот „Јорговани“ кој е вклучен во главната натпреварувачка програма.


Пред премиерата на оваа продукција, по црвениот тепих прошетаа членовите на тимот што стојат зад филмот, а актерот Иван Босиљчиќ, кој ја толкува главната машка улога, пристигна во друштво на сопругата и познатата пејачка Јелена Томашевиќ.


Некогашната претставничка на Србија за Евровизија за оваа прилика избра многу елегантно модно издание, и тоа во црна боја од глава до пети.

Јелена се појави во црна блуза, затворен модел со проѕирна ткаенина покриена со тантела во пределот на деколтето и чипкани ракави, а ја искомбинирала со многу ефективно црно здолниште во балски крој.


Станува збор за асиметричен модел, кој е миди напред и макси должина во задниот дел и го истакнува струкот со едноставна панделка.

Пејачката својот изглед го комплетираше со тесни чизми до над колената и високи потпетици, додека косата ја собрала во високо опавче и ја истакна беспрекорната вечерна шминка.


Помалку елегантен од убавата сопруга не беше ни Иван.

Згоден и скоцкан, ѝ парираше на сопругата Јелена.

Да потсетиме, Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ се во брак од 2011 година, кога во црквата Света Троица во Горњи Милановац си рекоа „да“. Во меѓувреме ја добија ќерката Нина, нивната најголема гордост, а во Белград живеат мирен семеен живот.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Tomasevic Bosiljcic (@jelenatomasevic_official)



ФОТО: Инстаграм