Дани Димитровска слави седум години љубов: На националниот ден на партнерите среќна и вљубена
Седма по ред годишнина во љубовта слави пејачката Дани Димитровска.
Таа на социјалните мрежи објави фото приказни со нејзиниот партнер, вчера кога се славеше Светскиот ден на парнерите.
Среќна и вљубена со години живее во хармонија со својот партнер.
„Имам здраво неконвенционално семејство, сочинето од партнер, син, брат, снаа, внуци и родители кои безизмерно ги обожувам. Живеам во мир и среќата ми е избор. Ниеден од нив не се занимава со јавна професија ниту има желба за себе истакнување. Го почитувам нивното единствено право на интима. Мојот партнер и син ги знаете со име и презиме, но која боја им е омилена, дали сакаат кулинарство, кој број на патики носат или што им е хоби се прашања за кои не се троши медиум кој има за цел да инспирира“,изјави Дани во интервјуто за ЖМ запрашана дали има човек до себе кој ја разбира.
Дани повеќе од 20 години успешно опстојува на македонската музичка сцена.
ФОТО: Инстаграм