Дани Димитровска „во филм“, ама среќна: Природна убавица на бесценето место
Сини очи, кадрава руса коса, доза на сексапил и нескротлива енергија, а кога се тоа ќе се спои со летна атмосфера, не е потребно ништо за целосна среќа во животот.
Дани Димитровска.
„Не постои унифицирана формула за среќа. Или постои…
Среќни ли сте?“ - Праша таа на Инстаграм, споделувајќи фотографија од каде ако не од плажа .
Дани повеќе од 20 години успешно опстојува на македонската музичка сцена, а сега вели дека е радосна и “во филм“.
„Радост е кога има кој да шкрапне во моменти на “во филмот сум..”. Радост се и монолозите отаде шкрапалото: “луѓе поминуваат”, “пази ќе го згазиш детето позади”, “ти се смеат оние кај тоалетите”, “уште колку бушава, жешко е” итн.“ - напиша таа на социјалните мрежи скокајќи од радост на фотографиите кои ги приложи
ФОТО: Инстаграм Дани Димитровска