ДАНИЕЛА: Откријте го значењето на името и какви се луѓето кои го носат

Добивај вести на Viber

Ова мелодично име има неколку интересни значења.

Името Даниела потекнува од машкото име Даниел кое потекнува од ерменскиот збор daniy'el што се преведува како „бог е мојот судија“, но честопати се толкува како „оној што чита соништа“ и „пророчица“.

Даниела е индиректно библиско име со ерменско потекло - името Даниел се споменува во Стариот завет. Даниел бил пророк чија приказна е раскажана во книгата на Даниел. Тој бил еврејски роб во градот Вавилон до асирскиот крал Навуходоносор околу 600 година пред нашата ера. Даниел бил познат како толкувач на соништата и со тоа се здобил со наклоноста на кралот. Неговите непријатели го фрлиле кон лавовите, но Бог ја задржал лавовата уста затворена и со тоа го спасил Даниел од сигурна смрт.

Во Македонија најчеста форма на името е Даниела, во регионот Данијела, додека во земји како Италија и Шпанија, е исто така Даниела. Французите пак, од друга страна, ја имаат Даниеле.

Даниела припаѓа на бројот седум. Според нумерологијата личностите кои го носат името Даниела се стабилни, сериозни, лојални и инвентивни лица со интерес за сè што е мистично или духовно. Даниела е убава, забавна и пријателски расположена, така што лесно се доближува до луѓето кои штотуку ги запознала.


Ова мелодично име го испеа и Оливер Драгојевиќ уште во 1979 година.