Данијела Димитровска за прв пат проговори за разводот со Огњен Амиџиќ и откри во какви односи се

Добивај вести на Viber

Манекенката си ја отвори душата

Огњен Амиџиќ и Данијела Димитровска ги изненадија сите кога пред четири месеци објавија дека се разведуваат.

Иако важеа за многу хармоничен пар, разликите беа големи, па водителката и манекенката решија да стават точка на десетгодишниот брак во кој го добија синот Матеја.

Сексапилни фотки, нова фризура: Данијела Димитровска го промени животниот стил по разводот од српскиот водител Амиџиќ

Даниjела за прв пат јавно проговори за разводот и откри во какви односи е со сега бившиот сопруг.

View this post on Instagram

A post shared by DANIJELA DIMITROVSKA (@danijeladimitrovska)


- Јас и Огњен сме во коректен однос, всушност во нормален, тоа ни е важно поради здравиот развој и раст на нашето дете. Се слушаме апсолутно секој пат кога има нешто поврзано со Матеја. Бараме да бидеме меѓусебна поддршка на овој нов пат. Ги надминуваме сите тешкотии - изјавила Данијела, а потоа открила дека нејзината сестра ѝ е голема поддршка, но дека тие две се многу различни, пренесува Блиц.

„Имав разни фази, се прилагодувам“: Огњен Амиџиќ за прв пат по разводот

- Мислам дека Ивана е многу поубава од мене. Таа е некој што се занимава со психологија. Кога го имате тој мир и рамнотежа, тогаш зрачите дополнително. Постара сум, па затоа сум позаштитнички настроена кон неа – изјавила манекенката, пренесува Блиц.


Фото: Инстаграм