Данило Икодиновиќ проговори за разводот со Наташа Беквалац: „Почувствував олеснување, како ранец да симнав од грб“.

Добивај вести на Viber

Поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ, и некогашен сопруг на пејачката Наташа Беквалац, пред 15 години доживеа тешка сообраќајна несреќа по која едвај преживеа, а по која долго време закрепнуваше. Лекарите со месеци се бореа за неговиот живот, а последици има и денес.

Во емотивната исповед во емисијата на ј Милан Калиниќ, Данило си ја отвори душата, а го спомна и разводот со Наташа, но и за односот со децата.

- Едната ќерка Андреа сега има 20 години. Со двете ќерки имам одличен однос, иако не живеам со нивните мајки. Андреа уште немаше 7 години кога јас доживеав несреќа, а Хана само една година - изјави Икодиновиќ.

-Следуваше развод, несреќата не влијаеше многу на разводот. Односот со Наташа веќе се распаѓаше... Дефинитивно ќе се случеше крај. Нови Сад никогаш не беше моја средина, не беше мој град. Одев и се враќав таму, постојано бев на таа релација... Се стремев да се вратам дома во Белград. Тешко ми беше поради се што беше во медиумите. Чувствував олеснување по разводот, како ранец да тргнав од грб - изјави тој во емисијата на Милан.

Фото:screenshot/yotube