Дара Бубамара ги истакна облините: Во минијатурно бикини позира од Миконос (ФОТО)
Познатата пејачка Дара Бубамара отпатува во ексклузивното одморалиште Миконос каде што ужива овие денови, а среќата ја споделува со следбениците на Инстаграм каде секојдневно објавува фотографии и видеа.
Миконос е познат како остров на добра забава и скапи хотели, на кои Дара не можела да одолее. Покрај секојдневното капење по базени и плажи, има и посети на елитните ресторани, а пејачката си приреди одмор за паметење.
Имено, таа позираше во минијатурно бело бикини кое во преден план ги истакнува нејзините облини, а сетот фотографии што ги објави предизвика лавина коментари за нејзиниот изглед.
За повеќе фотографии вртете на стрелката десно
„Сите велат секси мама“, „Леле“, „Премногу жешко“, се само дел од коментарите на воодушевените следбеници.
Неодамна во медиумите протекоа информации дека Дара снима свое реално шоу, кое би можело да почне да се емитува веќе наесен, а кое наводно би се нарекло по нејзината позната реченица: „Чини многу“.
Дали оваа идеја навистина ќе ја види светлината на денот останува да видиме.
фото: Инстаграм