Дарко Илиевски и Ивана направија „Baby shower“ забава: Ги одбројуваат деновите до раѓањето на ќерката
Познатиот пејач Дарко Илиевски и неговата сопруга Ивана, наскоро ќе се остварат во улогата на родители по втор пат.
Тие викендов направија „Baby shower“ забава. Многумина можеби ќе се запрашаат каква е таа забава.
Подобро упатените пак сигурно знаат дека тоа е забава која се прави во Америка, а со оглед дека Илиевски веќе неколку години живеат таму, и очекувано беше да направат.
Имено, станува збор за забава која се прави за мајката која очекува принова, и на која пријателите и роднините (обично женски) носат подароци за детето.
„Одбројувајќи ги деновите додека не го запознаеме нашето слатко девојче. Им благодариме на сите што дојдоа да прослават со нас и го направија нашиот „Baby shower“ за паметење. Многу сме благодарни за сета поддршка“ - напиша сопругата на Дарко на Инстаграм споделувајќи и фотографии.
Декорациите беа во виолетова боја и со пеперутки во знак на женското бебе кое е на пат, а се внимаваше на секој детаљ.
Ивана како прекрасна трудница носеше виолетов нежен фустан.
Дарко и Ивана веќе се родители на малиот Матео.
ФОТО: Инстаграм принтскрин