Дарко Лешоски: Еден ден после долго време ќе те побарам и ќе те замолам да одиме негде на ручек

Добивај вести на Viber

Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.

Vuslat - Tурски јазик - именка, Значење: „Соединување на двајца кои се сакаат после долго време.“

Еден ден после долго време ќе те побарам и  ќе те замолам да одиме негде на ручек.

Ќе ти речам дека дека онака само сакам да се видиме, ќејф, ако и ти сакаш,  и ќе те прашувам глупости и ти и ќе ми одговараш со плитки и глупави одговори. 

И дека е само онака ти мене ќе ми поверуваш. 

И ќе почекам.

Ќе чекам јас долго колку треба - толку ќе чекам.

Кога можев толку да чекам, ќе почекам да завршиме и со ручекот.

А кога ќе дојде келнерот да ги собере нашите чинии, ќе праша: 

„Се извинувам, дали е се во ред, завршивте обајцата? “

Тогаш јас го кренам погледот  и тебе втренчено во очи ќе те гледам и ќе изустам :„ Не е… не е! “ - ќе прошептам тивко.

„Никогаш јас и таа не завршивме и никогаш и нема да завршиме, 

уште се сакаме ама никој не сака  да признае!“ 

Носи! А ако не ме сака однеси ме и мене, 

било каде, само не да живеам повеќе вака, носи ме во свет во кој и таа како јас неа така ме сака!“