Дарко Лешоски: Изненаден, а непотребен, неоснован страв кој наеднаш нѐ преплавува и ни ја зема радоста од животот

Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.

Agowilt - (именка, потекло: Германски јазик)

 - изненаден, а непотребен, неоснован страв кој наеднаш нѐ преплавува и ни ја зема радоста од животот.

Taa ми рече: Mи е страв, многу ми е страв! 

Јас ја прашав: Зошто се плашиш? Од што ти е страв? 

Таа рече: Зошто сум среќна, зошто покрај тебе многу сум јас среќна! 

Јас реков: Зошто се плашиш тогаш ако си среќна? Нема зошто... 

Таа рече: Зошто сум многу среќна, а Бог... те остава да си оволку среќен само кога се спрема да ти земе нешто!