Дарко Лешоски: „Сакам ти да ме закопаш“

Добивај вести на Viber

Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.

Ya`burne – фраза, потекло: арапски јазик. Овој арапски термин значи „Сакам ти да ме закопаш“, нема изјава за нечија надеж дека ќе умре пред саканиот или саканата, се надевам дека да ги вкусите никогаш неподносливоста на живеењето на овој свет без оние или она што најмногу ги сака.

Ако умрам пред да бидам со тебе,

Ќе им остане аманет да не стави моја слика на гробот.

Ако не дочекам да бидам со тебе

Ќе им остане аманет да не стави моја слика до години

до името на мојот гроб.

Ако не живееш со тебе,

ако не те дочекам тебе,

ако те немам јас никогаш во животов...

им останувам аманет огледало ќе стави наместо моја слика на гробот.

Само малечко овално огледало.

Ко да бевме сите.

Што да биде ништо.

Без тебе ко да бидам ништо љубов...

Ништо...