Дарко Лешоски: „Сполајти што те имав“ - да ти шепнам
Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.
„Raison d'être“ –(фраза), потекло: Француски јазик: Причина за постоење
Кога бев помлад, кога те засакав...
мечтаев да ти истура поштарот месечно пред нашата врата стотици мои љубовни писма...
Како стареам јас покрај тебе,
сакам тие стотици писма на крајот едно обично писмо во месецот да станат.
Вратата од малата соба во срцето твое да ја отвориш ти штом вратата влезна од куќата наша после поштарот ја затвораш.
Да ти се насмеам како дух и челото да ти го бацам..
„Сполајти што те имав “ - да ти шепнам.
Штом очите насолзени ги отвориш.
Да исчезнам.
И спокој да ти оставам, само спокој.
А не празнина или тага.
Да ја извадиш од Chic плочата со рацете твои убави oд фиоката со рацете твои кои веќе одамна се тресат и да ја ставиш иглата на I want your love...
Да ја испуштиш на гласно и да се смееш дури со пликот мој играш.
Да истуриш пола чашка за задуша, а полата да ја екснеш иако не смееш заради таблетите кои ги пиеш секакви некакви дузина....
Како стареам јас покрај тебе,
сакам тие стотици писма на крајот едно обично писмо во месецот да станат.
Пензијата моја.