Дарко Лешоски: Живеење заедно со некој близок со кого имаме заеднички визии, размислување, желби и стремежи
Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.
Convivencia (именка, потекло:_Шпански јазик) – “заедничко живеење“ би бил буквален превод, но и живеење заедно со некој близок со кого имаме заеднички визии, размислување, желби и стремежи.
Јас би сакала да живеам со Вас
Во некој мал град,
Со вечни залези
И вечни ѕвона.
Во малечка селска гостилница
Тенки отчукувања на стариот часовник, како капки време.
Понекогаш, ноќе, од таванот
звук на флејта,
Крај прозорот флејтист
И големи лалиња на прозорецот.
Можеби вие не би ме сакале…
Во собата голема печка,
а на секоја плочка слика:
Трендафил, срце, брод.
И во единствениот прозорец
Снег, снег, снег.
Вие би се излежавале, бидејќи јас Ве сакам:
Мрзливи, рамнодушни и безбедни.
Понекогаш ќе се слушне
остриот звук на кибритот.
Цигарата догорува
И долго, долго време, трепери…
Сив столб од пепел на работ.
Вие дури и не се обидувате да ја изгаснете цигарата
И таа во пепел се претвора.
-Марина Цветаева