Давам 900 евра за фризура, а немам свој стан: Исповед на една пејачка, самохрана мајка

Добивај вести на Viber

Околу 8.500 се месечните трошоци на популарните српски пејачки, според анкетата која ја направи порталот Србија Данас. 

Една пејачка, која сакала да остане анонимна изјавила дека живее во изнајмен стан, со постојан минус на картичките и кредит во банка, самохрана мајка е на тинејџерка, но мора да вложува во својот изглед.

Таа во месецот троши повеќе од 8.000 евра , а кога снима спот, тој износ се зголемува зна 20.000. Од тие пари, само 1.500 евра се трошоци за стилист. 

„Постојаните настапи, гостувања во емисија бараат да изгледаме добро на сцената, а тоа најмногу чини. Цената на стлист за еден настап чини 100 евра, а во таа цена влегува и накитот, облеката и чевлите кои се позајмуваат и по настапот се враќаат“, изјавила пејачката.

За фризура и за шминка, таа и нејзините колешки трошат околу 900 евра месечно. Едно фенирање кај попупарен фризер чини околу 10 евра а потребни им се во просек 10 фенрирања во месецот. Тука се и свечените фризури кои чинат повеќе од 20 евра. 

Дополнителни трошоци барааат и третманите на лицето и телото. Ако се пресмтаат масажите, личниот тренер и возач, пејачките даваат по околу 1,500 евра во месецот. Надградбата на на нокти чини 40 евра во месецот, а третманите за лице по 100. Возачот за настапи зема во просек 500 евра во месецот, масажите чинат 600 евра ако се оди 10 пати во месецот, а личниот тренер 200. 

Ако децата им одат во приватна градинка или приватно основно или средно училиште, тоа ги чини 3.000 евра во меецот, според анкетата на порталот. За потрошувачката кошница, на пејачките им треба 1.700 евра.

Единствена цена за која тие не зборуваат е онаа за шопингот, но и за тоа колку чинат силиконите и колку вложуваат во естетската хирургија.