ДЕЦА ЈАДЕЛЕ МАФИНИ НА РОДЕНДЕН ВО БЕЛГРАД - ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА: Снимките покажале жица во стомакот
Српските медиуми јавуваат дека вознемирени родители на тригодишно дете кое, како што пренесуваат, јадело мафин со украс во форма на мечка, завршило во болница каде било утврдено дека во стомакот има метална жица.
Како што се посочува, мала метална жица била ставена во колачот со цел да ги држи „ушите на мечето“.
И на социјалната мрежа Инстаграм веќе се споделува оваа приказна заедно со фотографии од колачите, како и детален опис како се откриени жиците.
- Откако мафините ги проба и кумот на славеникот, кој исто така јадеше со задоволство од ова колаче, беше утврдено дека во нив има метална жица. Поради тоа дел од гостите чии деца јадеа мафини завршија во Универзитетската детска клиника Тиршова. Родителите, како што велат лекарите, треба да чекаат туѓиот предмет да помине низ организмот на децата и потоа да го исфрлат низ столицата со надеж дека нема да додјде до компликации - се наведува во објавата на Инастаграм.