,

Децата мислат дека парите паѓаат од небо: Иван Босиљчиќ со моќна порака до родителите

Добивај вести на Viber

Актерот Иван Босиљчиќ објави моќен статус на Фејсбук, со порака до сите родители.

Тој со пејачката Јелена Томашевиќ ја има ќерката Нина и смета дека децата додека се мали, треба да учат да ја согледуваат реалноста на ситуациите, така кога ќе пораснат проблемите нема да им влијаат толку на нивната психа.


Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

„Треба да ги носиме децата почесто на работат со нас, да видат дека и ние возрасните имаме проблеми и дека понекогаш е тешко да ги решиме.

Во спротивно, нашите деца ќе мислат дека банкарските картички печатат пари самостојно ... или дека парите паѓаат од небото... и тоа може да биде голем удар врз нивната психа кога ќе пораснат и ќе откријат дека не е така...

Децата треба да ги носиме и на тренинг, да нè видат како се потиме и се бориме.

Ќерка ми ја однесов на тренинг со мене кога имаше 4 години. Додека правев стомачни, во моментот кога застанав, таа истрча да ми помогне - се обидуваше да ме турка по грбот за да станам полесно.

Секој пат кога учам нова улога, ја повторувам безброј пати.Често пред неа.

Тоа е единствениот начин за кога ќе ме погледне на сцената, да знае како настанала таа леснотија и дека има многу работа зад резултатот.“



Поврзани вести:

-(ФОТО) Јелена Томашевиќ емотивно за роденденот на ќерката Нина
-Далечината е опасна: Иван Босиљчиќ откри што не може да поднесе кога станува збор за Јелена Томашевиќ
-Се вљубил во неа пред првиот состанок: Дали сте ја слушнале љубовната приказна на Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ?