Децата на Наум Петрески и Зуица Лазова тргнаа по нивниот пат - ќерката Македонка е оперска пејачка, синот Стефан го изучува фолклорот

Добивај вести на Viber

Со настапот на сцената на Македонската опера и балет и изведбата на Lauretta од Пучини под диригентската палка на Маестро Иван Еминовиќ, Македонка Петреска предизвика одушевување и овации кај публиката.

Младата оперска пејачка ја потврди тезата дека „гените се чудо“. Таа е ќерка на едни од најдобрите вокали на фолк -сцената Наум Петрески и Зуица Лазова. Го наследи нивниот талент, но го насочи во друг правец.

-Македонка е апсолвент на ФМУ соло пеење во класата на Весна Гиновска Илкова. Настапи на концерт во чест на Коста Трпков. Горди сме и среќни како и секој родител кога детето му ниже успеси, а посебно кога оди по истиот пат - патот на уметноста Таа е во опера, исто како и Анастасија. Ланира да дипломира во септември – ни изјави Зуица.

Нивниот син Стефан исто така тргна по музичкиот пат.Заврши прва година во ДМБУЦ Илија Николовски Луј , во фоклорниот оддел

-На 18 јуни ќе пее на годишниот концерт на училиштето. Стефан е единствен од децата кој директно го изучува фолклорот- ни откри пејачката.

С.А.Н