Децата на сестра ми се невоспитани: Дојдоа на гости, го испразнија фрижидерот, а поради мојата реакција таа ми е лута

Девојка се пожали на децата на нејзината сестра, за кои вели дека биле лошо воспитани, па побара совет - дали погрешив што го направив ова?

Велат дека децата на браќата и сестрите се сакаат како свои, но без оглед на блискоста и љубовта, некои граници сепак треба да постојат. Сепак, во некои случаи нема граници, а една девојка  токму поради тоа се пожалила на Редит и побарала совет.

„Мојата куќа е местото каде што се одржуваат повеќето семејни собири. Јас ја наследив куќата на моите родители и живеам таму. Забележав дека децата на сестра ми се невоспитани, односно дека сестра ми не е личност што може да дисциплинира деца. За време на нивните претходните две посети, децата го изедоа скоро целиот сладолед и со тоа направија огромен неред во куќата. Бев тотално бесна. Не ми пречи секој да си земе по еден сладолед, но тие земаат пет и ги носат дома.

Знам дека воспитувањето деца е слаба точка на мојата сестра и јас никогаш не го спомнав тоа затоа што знам дека тоа сигурно не би помогнало во ништо, само би се карале и не би направила ништо со тоа. Затоа, решив да ставам катанец на фрижидерот. Кога пристигнаа, ми се пожалија дека фрижидерот е заклучен. Кратко одговорив дека знам дека е заклучен. Децата потоа отидоа да се пожалат кај својата мајка, сестра ми. Дојде и ми рече дека фрижидерот е заклучен, повторно реков дека знам. Сестра ми тогаш ме замоли да им дадам сладолед на децата, а јас реков не и и раскажав зошто.

Сестра ми ми рече дека се однесувам ужасно кон неа и нејзините деца, дека тоа е само глупав сладолед и дека сум скржава и груба, такви работи. Таа се налути, а потоа отиде дома со децата.

Дали сум груба затоа што го сторив тоа? “, праша девојчето.

Што мислите Вие, дали ова е претерано?


Фото: Фреепик

Можеби ќе ве интересира:

Сте слушнале за правилото 3-6-9-12? Исклучително важно за сите родители, но и за децата